Утрински Весник
Магазин

Денеска е Меѓународен ден на ненасилство

20261002100941 big 730x400 30.webp.webp

Меѓународниот ден на ненасилството, како и секоја година, се одбележува на 2 октомври, на денот на раѓањето на Махатма Ганди, еден од водачите на движењето за независност на Индија и пионер на филозофијата и стратегијата на ненасилството.

Овој празник го воспостави Генералното собрание на Обединетите нации во 2007 година со цел ширење на пораката за ненасилство, вклучително и преку образование и подигнување на јавната свест.


Филозофијата на Ганди се засноваше на тоа дека праведно општество и општествени промени не можат да се постигнат со насилни средства, туку исклучиво со мир, толеранција и почитување на човековите права.

Можете да прочитате

Читањето – одмор од секојдневниот стрес

ВИ агент на „Опен-АИ“ откако сфатил дека ќе биде деактивиран, започнал да бара начин како да продолжи со работа

Теми за кои секој пар треба да разговара