Утрински Весник
Магазин

Фолксваген повлекува четири милиони возила поради можен проблем со управувањето

20260907143122 big 730x400 31.webp.webp

Германскиот производител на автомобили Фолксваген повлекува околу четири милиони возила од различни марки, што е најголемата операција од скандалот Дизелгејт, објави весникот Ханделсблат.

Повлекувањето е поради можни проблеми со системот за управување на возилото.


Станува збор за моделите Tiguan, Touran, Golf Variant, Caddy и Golf произведени помеѓу септември 2013 и јули 2024 година. Околу 700.000 возила Audi Q3 произведени помеѓу 2017 и 2024 година се исто така погодени од истиот технички проблем.

Можно е да бидат погодени и возила од компанијата Seat, која исто така припаѓа на Фолксваген, и моделите Ateca и Tarraco произведени помеѓу 2013 и 2024 година.

За другите возила на концернот, како што е Шкода, не се знае дали го имаат истиот технички проблем. 

Можете да прочитате

Нов изум за оние кои мразат горчливи лекови: Направија „навлака“ за јазик

На денешен ден, пред 19 години, Тоше Проески го одржа својот последен концерт

Кои хороскопски знаци најтешко поднесуваат неправда?