Утрински Весник
Свет

(Видео) Во ослободената Балаклија жителите ги гушкаат украинските војници

(Видео) Во ослободената Балаклија жителите ги гушкаат украинските војници

Видеа од градот Балаклија во близина на Харков кои се појавија на социјалните мрежи покажуваат дека жителите ги пречекуваат украинските војници кои го зазедоа градот.

dobivaj vesti na viber

Балаклија се наоѓа на околу 70 километри југоисточно од градот Харков, во центарот на територијата каде Украина започна голема контраофанзива. На видеото објавено на Твитер од украинската новинарка Наталија Гумењук, се гледаат мажи и жени кои излегуваат од зградата за да ги прегрнат војниците. Некои од нив ги пречекуваат во солзи, пишува Гардијан.

„Дамите ги поздравуваат војниците во ослободената Балаклија по 6 месеци окупација: „Момци, ни останаа уште неколку палачинки, ги сакате? Војниците одговараат: „Малку подоцна, подобро да се засолниш, гранатирањето сè уште е можно“. Можам да го гледам одново и одново“, напиша Гумењук на Твитер.

Киев во изминатите 24 часа ја зазеде Балаклија, која половина година беше под руска окупација. Украина го затвори важниот логистички и снабдувачки центар Купјанск, а Институтот за проучување на војната (ISW) верува дека најверојатно ќе го освои во наредните денови.

ISW наведува дека украинската војска „веројатно ќе го заземе Купјанск во следните 72 часа, што може да доведе до сериозно, но не и целосно прекинување на руските линии за снабдување до Ижиум“.

Можете да прочитате

Во Украина се урна уште еден авион Ф-16

Рубио: САД се вознемирени од хуманитарната ситуација во Појасот Газа

Нема директни преговори меѓу Украина и Русија: трилатерални средби во Истанбул денес