Утрински Весник
Свет

По Фолксваген и Мерцедес размислува да произведува оружје

Merczedes.webp.webp

Германскиот производител на автомобили Мерцедес размислува да произведува оружје.

– Светот стана уште понепредвидлив и затоа Европа мора да го прошири својот одбранбен профил. Подготвени сме ако можеме да имаме позитивна улога во овој процес, изјави извршниот директор на Мерцедес Бенц, Ола Керлениус.


Тој наведе дека автомобилската индустрија е позната по производство на „висококвалитетни прецизни машини“ и затоа е погодна и за производство на оружје.

Керлениус истакна дека производството на автомобили ќе остане основен сектор на Мерцедес, а производството на оружје ќе биде споредна активност.

Мерцедес веќе активно учествува во зајакнувањето на безбедноста и подготвеноста на НАТО.

Пред Мерцедес, и германскиот производител на автомобили Фолксваген најави влез во воената индустрија.

Според германските медиуми, фабриката за каросерии во Оснабрик би можела да ја преземе израелскиот концерн Рафаел, каде би се произведувал делови за Железната купола.

Извршниот директор на Фолксваген, Оливер Блуме најави вклучување во секторот за воени транспортери.

Германската автомобилска индустрија изминатите години се соочува со пад на побарувачката и најави отпуштања на неколку илјади работници и затворање на погоните.

Можете да прочитате

Ортега: Нема веќе избори во Никарагва

Франција воведува целосна забрана за користење социјални мрежи за деца под 15 години

Американската воена операција во Иран досега чинела 37,5 милијарди долари, изјави шефот на Пентагон