Утрински Весник
Спорт

Тијаго Мота ќе биде нов тренер на Болоња

Тијаго Мота ќе биде нов тренер на Болоња

Тиjаго Мота ќе биде новиот тренер на Болоња. Тој ќе го замени Синиша Михајловиќ, кој доби отказ по лошиот старт на сезоната. Тимот од „Ренато Дал’Ара“ има само три бода по првите пет кола во Серија А и се уште не го знае вкусот на победата.

dobivaj vesti na viber

Договорот на Мота ќе биде на две години. Бразилецот со италијански пасош денеска официјално ќе потпише, а неговата годишна плата ќе биде 1 милион евра. Сигурно нема да го води тимот против Фиорентина викендов. За оваа задача ќе бидат задолжени Лука Виџани и Паоло Мањани.

Тијаго Мота веќе има искуство во Серија А како тренер на Џенова и на Специја. Тој беше на чело на „грифоните“ само 10 натпревари во 2019 година, но целата мината сезона ја мина во Специја и го спаси тимот од испаѓање.

Можете да прочитате

Мареј: Побегнав од моите деца, а во Новак добив едно големо дете

Ла Лига ја одби жалбата за суспензијата на Винисиус

Гвардиола по 30 години се раздели со сопругата Кристина