Утрински Весник
Свет

(Видео) Вагнер подигна руско знаме во Бахмут

(Видео) Вагнер подигна руско знаме во Бахмут

Борците од платеничката група Вагнер, подигнаа руски знамиња во Бахмут, откако вчера тврдеа дека ја преземаат контролата врз градот по неколкумесечни борби.

dobivaj vesti na viber

На видеото кое се појави на социјалните мрежи се гледаат борци на групата Вагнер како го креваат знамето и извикуваат: „Победа!“

Русија и Украина дадоа контрадикторни изјави за ситуацијата во Бахмут, при што Киев рече дека сè уште контролира мал дел од градот, додека Москва им честиташе на Вагнер и руските војници за „ослободувањето на градот“, пишува „Скај њуз“.

Русија вчера објави дека го освоила целиот украински град Бахмут. Нападот на веќе речиси израмнетиот град го предводеше руската платеничка воена група Вагнер, чиј водач Евгениј Пригожин претходно истиот ден изјави дека неговите сили го зазеле целиот град и секоја куќа.

Рускиот претседател Владимир Путин им честиташе на војниците за заземањето на градот, велејќи дека најзаслужните ќе бидат наградени, пренесоа руските агенции. Зеленски денеска одговарајќи на новинарски прашања по неговото обраќање во Г7 изјави дека Русија не го окупирала Бахмут.

„Не можам да ги споделам со вас тактичките информации на нашата армија, нашите воини, но можам да кажам дека Русија не може да не окупира или да победи во оваа војна“, одговори тој на прашањето за Бахмут.

„Нашите луѓе сега се на многу важна мисија во Бахмут. Нема да кажам каде точно, но Бахмут денеска не беше окупиран од руската армија“, додаде тој.

Можете да прочитате

Макрон им посака добредојде на светските лидери кои присуствуваат на отворањето на ОИ

Канада, Австралија и Нов Зеланд бараат од Израел веднаш да ги прекине операциите во Газа

Meta затвори 63.000 профили на Instagram поврзани со измама и уцена