
Скопје, 22 октомври 2026 – Неколку илјади посетители беа дел од големата роденденска прослава на Diamond Mall, со која трговскиот центар го одбележа својот трет роденден. Главни музички ѕвезди на вечерта беа Петар Грашо и Јелена Розга, кои со своите настапи создадоа одлична атмосфера пред бројната публика.
Во рамки на прославата се одржа и финалното извлекување од големата роденденска наградна игра. Беа доделени повеќе вредносни награди, а еден од среќните добитници ја освои и главната награда – автомобил Geely Cityray.
Со роденденската прослава, Diamond Mall уште еднаш го потврди својот концепт да биде повеќе од место за шопинг – простор за забава, дружење и различни искуства за посетителите.
Третиот роденден годинава е поврзан и со новата општествено одговорна иницијатива Diamond HUB – Центар за економско зајакнување на жените, преку која учесничките добиваат практични обуки, менторство и поддршка за професионален развој и поголема економска независност.
На овој начин, Diamond Mall го одбележа својот трет роденден со голема прослава за посетителите, истовремено продолжувајќи ја својата определба да создава долгорочна вредност за заедницата.



