
Како градител на доверба и професионалност во својата област, Здружението за подобро воздухопловство АВИКОН со големо задоволство го најавува шестото последователно издание на традиционалниот воздухопловно-едукативен саем SKOPJE AIR FAIR 2026, кој ќе се одржи утре (сабота, 24 октомври, со почеток од 11 часот) во Градскиот парк во Скопје, на познатата локација „Вембли”.

SKOPJE AIR FAIR е единствен настан од ваков тип во регионот чија цел е приближување на воздухопловството до пошироката јавност, а посебно до младите генерации. Организирањето на саемот во срцето на Градскиот парк е свесен и намерен избор – да ги привлечеме и оние млади кои можеби никогаш претходно не размислувале дека воздухопловството може да биде нивната идна професионална определба.

„Сакаме да ги скршиме сите стереотипи поврзани со воздухопловството – дека тоа е апстрактно, недостижно или резервирано за одредени луѓе со врски. Воздухопловството е отворено, динамично и нуди бројни реални кариерни можности. Потребно е младите едноставно да се отворат кон нови можности и шанси во животот,” порачуваат од здружението АВИКОН.
Покрај можноста да го видат хеликоптерот на МВР слетан во Градскиот Парк , на овогодинешното, шесто издание, посетителите ќе имаат можност директно да се запознаат, да разговараат и да добијат информации од претставници на водечки домашни и меѓународни институции, компании, едукативни центри и аеро клубови.
Учесници на SKOPJE AIR FAIR 2026:
- Хеликоптерска единица „Јастреби” при МВР
- ТАВ Македонија
- WIZZ AIR
- European Aviation Institute (Романија)
- Ваздухопловна Академија Београд (Србија)
- Global Aviation (Грција)
- Global Maintenance (Бугарија)
- Здружение на Контролори на Летање (ЗКЛМ)
- Здружение на Воздухопловни Метеоролози (ЗВММ)
- Воздухопловна Федерација на Македонија
- Аероклуб Скопје (Стенковец)
- Римин Ер (Штип)
- Дирекција за Заштита и Спасување (ДЗС)
- Воена Академија „Генерал Михаило Апостолски”
- DroneInspect (Велес)
- Здружение за беспилотни воздухоплови во Македонија
- Ад Вербум – сертифициран тест центар за воздухопловен англиски јазик
Организацијата на овој важен настан е поддржана од бројни партнери и пријатели кои ја препознаа важноста на едукацијата и промоцијата на воздухопловството: Град Скопје, Халкбанк, NESCAFÉ, Агна ДОО Скопје, Кожувчанка, Дневен центар „Гнездо”, F/S DIGITAL, Оффнет, М6 Конгресен Центар, Ресторан Чардак, Аурис – Чудна Шума Арт и Дамла Поткаст.
Ги покануваме сите граѓани, сите млади ентузијасти, ученици, студенти и сите љубители на воздухопловството и технологијата утре да ни се придружат во Градскиот парк.

