Утрински Весник
Спорт

Наполи се подготвува за животот после Осимен, доаѓа засилување од Удинезе

Наполи се подготвува за животот после Осимен, доаѓа засилување од Удинезе

Наполи по 33 години ја освои шампионската титула во Серија А. Еуфоријата во Неапол ќе трае уште долго, но раководството на клубот веќе размислува за потезите за следната сезона. Има недоразбирање со тренерот Лучијано Спалети, откако претседателот Аурелио де Лаурентис искористи клаузула во договорот и автоматски, без консултации со него, ја продолжи соработката за уште една година. Сепак, тоа не му се допадна на тренерот кој го освои „скудетото“, па најавите се дека најверојатно ќе си замине.

dobivaj vesti na viber

Виктор Осимен, ѕвездата на Наполи, ќе биде еден од најбараните фудбалери ова лето, а калчолигашот најверојатно нема да може да одолее на понудите. Затоа сака да се обезбеди со негова замена.

Наполи е подготвен да го доведе фудбалерот на Удинезе, Бето. Португалецот роден во Гвинеја-Бисао беше едно од откритијата на сезоната во Серија А каде постигна 10 гола на 30 натпревари откако пристигна од Портимоненсе за само 7 милиони евра.

„Зебрите“ сега го вреднуваат дури 35.000.000 евра, но Наполи на клубот од Удине му нуди 10 милиони помалку.

 

Можете да прочитате

Игрите во Париз ќе бидат најпосетени во олимписката историја

Франција вечерва подготвува спектакуларно отворање на 33. Олимписки игри

ОИ 2024: Надал може да се откаже од настап во сингл