Утрински Весник
Економија

(Видео) Мицкоски: Понудата за дупло поевтина струја сè уште стои

(Видео) Мицкоски: Понудата за дупло поевтина струја сè уште стои

Понудата за дупло поевтина струја сè уште стои, подготвен сум и да дебатирам со Ковачевски на кој било медиум за ова, се надевам нема пак да дезертира, изјави претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, на прес-конференција.

dobivaj vesti na viber

Првиот човек на опозициската партија смета дека вчерашната вонредна прес-конференција на Владата била панична реакција, а е резултат на „еден конкретен конструктивен предлог од страна на ВМРО-ДПМНЕ, како да ги ублажиме последиците од енергетската криза којашто постепено ни се трансформира во економска криза, а потоа во социјална и конечно на крај во општествена криза“.

„Тоа што се случува во изминатиот период е комплетно игнорантски однос од страна на владата кон стопанството, но исто така и надмен однос од страна на влада кон предлозите на опозицијата, наместо да биде конструктивна, да ја прифати понудата, да седне да разговара и преговара, таа вечерта организираше би рекол прес-конференција за да каже ништо, а само да ја задоволи сопствената суета и да одговори на понудата којашто ВМРО-ДПМНЕ претходно ја претстави во јавноста“, изјави Мицкоски.

Тој истакна дека клучната поента на понудата којашто ВМРО-ДПМНЕ ја претстави во јавноста е дополнителни количини на електрична енергија од домашно производство добиени со користење  евтин ресурс за стопанството и економијата.

„Дополнителни количини на топлина за да може скопјани и сите корисници на централното греење во главниот град Скопје да не плаќаат повисоки сметки за затоплување на нивните институции и домови. Заштеда од минимум од 300 милиони евра, пари коишто оваа влада ќе ги потроши во периодот што следи, граѓански, народни пари, коишто ги нема, а ќе ги земе преку скапи кредити, задолжувајќи се на домашниот и меѓународниот пазар. Понатаму, зголемување на бруто-домашното производство, наместо да се понижуваме околу, во соседна Бугарија, соседна Бугарија, соседна Грција, малку подалеку во регионот, Турција и да бараме како просјаци, да си го организираме домашното производство и домашните енергетски комбинати да можат да произведуваат за потребите како на граѓаните така и на индустријата. На тој начин ќе го зголемиме бруто-домашното производство и ќе го зголемиме бруто-производството на енергија“, се наведува во предлогот што го образложи Мицкоски.

Мицкоски го повика првиот човек на Владата, Димитар Ковачевски,  на дебата за енергетската криза.

„За да нема дилеми го повикувам Димитар Ковачевски да одбере медиум и време кога заедно ќе се соочиме пред македонската јавност бидејќи сега не е време за политиканство и политики. Не е време за надмен, нервозен и емотивен однос. Сега е време за одговорност, сега е време како да им помогнеме на граѓаните, како да ѝ помогнеме на Македонија“, рече Мицкоски.

Можете да прочитате

Спасовски: Време е за подобро и повеќе – во следниве четири години минимална плата од 600 евра, просечна од рекордни 1.100 евра

Битиќи најавува инвестициски бум: Една милијарда евра само во домашните компании

Министерот Николовски во посета на земјоделското семејство Давитковски од село Милино, успешни корисници на поддршка преку ИПАРД 2 програмата