
На 11.09.2026 година во 22:55 часот во СВР Тетово е пријавено дека на магистралниот пат Гостивар–Стража, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „голф” со гостиварски регистарски ознаки, управувано од А.И.(34) од с. Чегране, во кое како сопатник бил Х.К.(28) од Гостивар, и патничко возило „голф” со тетовски регистарски ознаки, управувано од Д.Н.(21) од Тетово со сопатник Ф.Ј.(21) од Тетово.
Во несреќата, од страна на лекар од Итна медицинска помош на лице место е констатирана смрт кај возачот Д.Н., додека останатите три лица се пренесени во Медицинскиот центар во Гостивар каде им се констатирани телесни повреди. Увид на местото извршиле Јавен обвинител и увидна екипа од ОВР Гостивар.


