Утрински Весник
Македонија

Повредени двајца вработени на ЈП ,,Комунална хигиена”

Gubre.webp.webp

На 05.09.2026 во 23:30 часот во СВР Скопје, од Јавната здравствена установа „Св. Наум Охридски” Скопје е пријавено дека кај нив со тешки телесни повреди е донесен Ф.Ф.(44) од Скопје. Според пријавеното, тој со повредите се здобил во централното подрачје на Скопје, додека извршувал работни задачи во Јавно претпријатие „Комунална хигиена”- Скопје. Се преземаат мерки за  расчистување на случајот.

На 06.09.2026 во 00:09 часот во СВР Скопје, Б.А.(58) од Скопје, вработен како возач на камион во Јавно претпријатие „Комунална хигиена”- Скопје пријави дека на 05.09.2026 околу 22:30 часот на подрачјето на Чаир во Скопје, додека извршувал работни задачи, се здобил со повреди, по што се упатил во Јавната здравствена установа „Св. Наум Охридски” Скопје за укажување на лекарска помош. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Можете да прочитате

Нов пожар кај Стенковец, црн чад се шири кон Скопје

Голем пожар кај Милетино, во Скопје се чувствува чадот од огнот кај Чучер Сандево

Од Македонија до Лос Анџелес: „Приказната за Силјан“ со две номинации за Emmy Awards