Утрински Весник
Спорт

Алегри и Мурињо се најмногу платени во Серија А

Алегри и Мурињо се најмногу платени во Серија А
300x250 (7)

„Кориере дела сера“ во денешното издание ги објави платите на тренерите на италијанските прволигаши. Во прашање се годишната нето-заработка на тренерите, што значи дека тие во некои случаи ги чинат своите клубови двојно повеќе на бруто-ниво.

dobivaj vesti na viber

Статусот на најплатени тренери во Серија А го делат тренерот на Јувентус, Масимилијано Алgери, и стратегот на Рома, Жозе Мурињо. И двајцата заработуваат по 7.000.000 евра нето годишно.

300x250 (7)

Зад нив е стратегот на Интер Симоне Инзаги. Неодамна тој потпиша нов договор за плата од 5.500.000 евра.

Тренерот на актуелниот шампион, Милан, Стефано Пиоли годишно заработува 4.000.000 евра, па следуваат Лучијано Спалети од Наполи со 3.200.000, Џампјеро Гасперини од Аталанта со 3.000.000 и Маурицио Сари од Лацио со 3.000.000 евра годишно.

Интересно е што тренерот на најпријатното изненадување во Серија А, Андреа Сотил од Удинезе заработува само 300.000 евра годишно. Најмала плата има новиот тренер на Монца, Рафаеле Паладино, со годишна плата од само 200.000 годишно, но тоа не го спречи на дебито да го победи Макс Алегри, кој заработува 35 пати повеќе.

Единствен тренер чија плата не е достапна е Масимилијано Алвини од Кремонезе.

Ss1

Можете да прочитате

Струмица е старо-нов првак во одбојка

Рома го доби доиграниот натпревар во Удине

Димитријевиќ е МВП на сезоната во ВТБ лигата!