Утрински Весник
Спорт

(Видео) Мајами победи Бостон, во ди во серијата со 2:0

(Видео) Мајами победи Бостон, во ди во серијата со 2:0

Кошаркарите на Мајами Хит направија уште еден брејк во финалето на Источната конференција. Хит славеа против Бостон Селтикс 111:105 за предност во серијата со 2:0.

dobivaj vesti na viber

За неизвесноста на натпреварот говори и фактот што најголемата разлика во неколку наврати изнесуваше 12 поени за Селтикси, додека Мајами ниту еднаш немаше двоцифрено водство во меч кој го одбележаа честите промени на водството.

Бостон имаше +10 во последната четвртина, предност која гостите од Флорида најпрвин ја стигнаа, а потоа и ја престигнаа.

Решавачки во последните 90 секунди беа добрата одбрана што ја одигра Џими Батлер против Џејсон Тејтум и поените на спротивната страна на Гејб Винсент со кои Мајами стекна предност од четири поени.

Џими Батлер беше најефикасен во победничкиот тим со 27 поени, осум скока и шест асистенции. Кејлеб Мартин додаде 25 поени и четири скока, а одличен меч одигра и Бем Адебајо, кој заврши со 22 поени и 17 скока.

Двоцифрени беа и Данкан Робинсон со 15 и Макс Струс со 11 поени.

Кај Бостон се истакна Џејсон Тејтум со 34 поени, 13 скока и осум асистенции, Џејлен Браун додаде 16 поени, но со лош процент на реализација, 7/23 од поле, додека Роберт Вилијамс и Малколм Брогдон постигнаа по 11 поени.

Серијата сега се сели во Мајами, каде што третиот натпревар е закажан за ноќта помеѓу недела и понеделник во 02:30 часот.

Можете да прочитате

Надал за првпат елиминиран во првото коло на Ролан Гарос

Конте станува најплатениот тренер во Серија А

Синер ја помина првата пречка на Ролан Гарос