Утрински Весник
Македонија

Скопјанец тешко го повредил рбетниот мозок на тобоган, со владин авион вратен во Македонија

Img 1448.jpeg

Пациент од Скопје, кој се здобил со сериозна повреда на рбетниот мозок за време на одмор во турското летувалиште Кушадаси, е транспортиран со владин авион во Македонија и хоспитализиран на Универзитетската клиника за ТОАРИЛУЦ во Скопје.

Информацијата ја потврди директорот на Клиниката, д-р Игор Мерџановски, кој соопшти дека станува збор за тешка повреда здобиена при несреќен случај на тобоган.

Пациентот бил повреден за време на престојот во Кушадаси, а на 23 јули му била извршена хируршка интервенција во тамошна болница. По операцијата бил задржан на лекување во Турција.

Поради сериозноста на повредата и проценката дека е неопходен брз и безбеден транспорт, турските лекари побарале пациентот да биде пренесен во Македонија по воздушен пат.

„Од колегите беше побарано пациентот да биде транспортиран по воздушен пат поради сериозноста на повредата и потребата од брз транспорт. Голема благодарност до Владата и до Службата за општи и заеднички работи, кои излегоа во пресрет за реализација на транспортот“, истакна Мерџановски.

Во Турција бил испратен медицински тим предводен од раководителката на КАРИЛ, д-р Марта Тренева. Тимот го презел пациентот и го придружувал во текот на транспортот до Скопје.

Пациентот успешно пристигнал во земјава и веднаш бил сместен на Клиниката за интензивно лекување, каде што продолжува неговиот третман.

Според директорот на ТОАРИЛУЦ, неговата здравствена состојба бара интензивно лекување. По разгледувањето на медицинската документација, лекарите оцениле дека хируршката интервенција направена во Турција била добро изведена.

„Повредите на рбетниот мозок се меѓу најсериозните повреди“, нагласи Мерџановски.

Во следниот период ќе бидат направени дополнителни испитувања, по што ќе следува понатамошно лекување и рехабилитација. Предвидена е и физикална терапија во спиналниот центар во земјава.

Можете да прочитате

Малиот лексикон на големата политичка незрелост

Не се брани уставниот суд – се брани уставот

Не се брани удтавниот суд – се брани уставот