Утрински Весник
Македонија

Загина мотоциклист од ресенско, изгубил контрола и излетал од патот

Policija.webp.webp

На 09.08.2026 во 05:45 часот во СВР Битола е пријавено дека на влезот од с.Брајчино, ресенско, В.Т.(44) од с.Љубојно, ресенско, управувајќи мотоцикл со ресенски регистарски ознаки, изгубил контрола и излетал од патот.

Од здобиените повреди, мотоциклистот В.Т. починал на местото, а лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт.

Увид на местото извршила екипа на ОВР Ресен, а по наредба на јавен обвинтиел телото на починатиот било дадено на обдукција.

Можете да прочитате

Претрес во Неготино, пронајдена дрога, приведено едно лице

Приведен 19-годишник од Кочани, правел експлицитни видеа од поранешната девојка и ги споделувал со трети лица

Неготинец фатен со „сканија“ со песок без документација