Утрински Весник
Македонија

(Видео) Ковачевски на лидерска средба со коалицијата, првпат без Гаши и Трајанов

(Видео) Ковачевски на лидерска средба со коалицијата, првпат без Гаши и Трајанов

Премиерот Димитар Ковачевски ги собра на лидерска средба владините партнери по посетата во САД. Се очекува на средбата да стане збор за уставните измени.

dobivaj vesti na viber

Вчера, премиерот го свика Централниот одбор на СДСМ од каде што беше испратена пораката за европска иднина и глас за уставните измени. По средбата беше кажано дека Ковачевски ќе ги информира сите политички партнери од владината коалиција за посетата на САД, искажаната поддршка за земјава и реформите за продолжување на европскиот пат.

Последната лидерска средба на Ковачевски со претседателите на партиите од владината коалиција беше пред три месеци кога ги информира за разговорите и за влез на Алијанса за Албанците во Владата. На денешната лидерска средба, за разлика од претходната, ќе присуствува претседателот на Алијансата Арбен Таравари, а нема да учествуваат претседателот на Алтернатива Африм Гаши, и претседателот на Демократски сојуз Павле Трајанов, кои излегоа од Владата.

Можете да прочитате

Продолжуваат кампањите за претседателските и парламентарните избори

Променливо облачно со повремен дожд и посвежо

Ковачевски: Минимална плата од 600 евра и само 7% невработеност до 2028 година