Утрински Весник
Македонија

Охриѓанец уапсен заради детска порнографија

Apsenje 1 1.jpg

Отсекот за компјутерски криминал при СВР Охрид поднесе кривична пријава против А.Д.(42) од Охрид поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „производство и дистрибуција на детска порнографија” по член 193-а од Кривичниот законик.

При претрес во неговиот дом, извршен на 20.10.2026 со судска наредба, полициските службеници од СВР Охрид, во координација со полициските службеници од Секторот за компјутерски криминал и дигитална форензика при МВР, пронајдоа и одзедоа деск топ компјутер и видеа со експлицитни содржини од детска порнографија, по што веднаш го лишија од слобода, а  судија на претходна постапка му одреди мерка притвор во траење од 30 дена.


Можете да прочитате

10 годишно дете удрено од мотоцикл во Прилеп

СДСМ: Пет години Јорданов и ВМРО-ОКГ во Штип: Удар по џебот, распродажба на јавниот имот, непотизам и скандали!

Сиљановска-Давкова оствари телефонски разговор со претседателот на Република Азербејџан, Илхам Алиев