Утрински Весник
Свет

„Њујорк тајмс“: САД предлагаат Европа повторно да купува руски гас како дел од мировниот план за Украина

Gas.webp.webp

Администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп презентираше план, според кој, Европа треба повторно да почне да купува поголеми количини руски гас, потег што би донел економски придобивки за Москва и би го вратил нејзиното влијание во регионот, но европските претставници реагираа негативно на оваа идеја, пишува денеска „Њујорк тајмс“.

Според извори запознаени со преговорите, мировните претставници на претседателот Трамп, Џаред Кушнер и Стив Виткоф, ја покренале идејата во разговорите со украински и европски претставници, вклучително и на состанокот со претседателот Володимир Зеленски во Киев минатиот месец.


За да ја охрабрат Русија да ја заврши војната во Украина, Американците предложија Украина да размисли за повторно активирање на цевководите што некогаш го носеа рускиот природен гас до Европа.

Можете да прочитате

Израелски доселеници нападнаа европски дипломатски конвој на Западниот Брег

Немирите се шират низ Италија, малолетници се судрија со полицијата во неколку градови

Tанкер во ОАЕ погоден со две ракети, повреден член на екипажот