Утрински Весник
Македонија

(Видео) Централниот одбор на СДСМ повика на европско обединување и глас за уставните измени

(Видео) Централниот одбор на СДСМ повика на европско обединување и глас за уставните измени

Централниот одбор на СДСМ по денешниот состанок оцени дека поддршката што премиерот Ковачевски ја добил за време на престојот во САД за целосно заокружување на процесот за членство во ЕУ е исклучително важна за иднината на земјата и на сите граѓани.

dobivaj vesti na viber

Во оваа насока Централниот одбор на СДСМ смета дека поддршката за продолжување на европскиот пат е историска шанса и треба да се искористи сега.

Оттука, Централниот одбор на СДСМ донесе неколку заклучоци:

1.Како одговорна и државотворна партија, сè што е до Социјалдемократскиот сојуз на Македонија ќе биде направено за да продолжи напредокот кон Европската Унија.

2.Во оваа насока Централниот одбор го задолжи претседателот на партијата да ги спроведе сите неопходни разговори и чекори за Северна Македонија да го продолжи европскиот пат.

3.Членовите на раководството, пратеничката група, избраните и именувани носители на јавни функции од СДСМ се на располагање и по потреба ќе бидат вклучени во процесот.

4.Претседателот на СДСМ и премиер, Димитар Ковачевски ќе ги информира сите политички партнери од владината коалиција за посетата на САД, искажаната поддршка за земјава и реформите за продолжување на европскиот пат.

5.Започнатиот процес на неопходни реформи, измени, мерки и активности СДСМ ќе ги спроведе во интерес на граѓаните и државата, заедно со своите коалициски партнери.

6.СДСМ ги повикува сите политички и општествени чинители во македонското општество на обединување околу европската иднина и продолжување на европскиот пат.

7. Заедно да обезбедиме глас за Европа во македонското Собрание. Тоа ќе биде глас на мнозинството за македонска европска иднина.

Премиерот Димитар Ковачевски пред сопартијците рече дека од ВМРО-ДПМНЕ зависи дали ќе се приклучи кон проевропскиот блок цела, или во делови и говореше за поддршката од САД.

Можете да прочитате

Затруен од наркотици пронајден во бессознание во двор во Кавадарци

Лукаревска: Од целосно заборавени, домашните претпријатија  ги поддржавме со 100 милиони евра, ќе ја дуплираме поддршката

Бојмацалиев: 508 кандидати за полициски службеници, ги подобруваме условите за обука со целосна реконструкција на Центар за обука во Идризово