Утрински Весник
Македонија

Унгарски медиуми: Икарус и кинески CRRC го добија тендерот за најголемата набавка на автобуси во Македонија досега

Img 3927.jpeg

Унгарски портали објавија дека компанијата „Икарус“ добила договор за испорака на 150 електрични автобуси за Северна Македонија, што според нив претставува најголема набавка на електрични автобуси досега во земјава.

Според информациите, тендерската постапка била започната во февруари 2026 година, а како победнички понудувач е избрана компанијата „Electrobus Europe Ltd“, членка на групацијата „Икарус“, формирана преку партнерство со кинескиот производител „CRRC“.


Договорот опфаќа:

  • 150 целосно електрични градски автобуси,
  • како и 75 станици за полнење.

Според објавите на унгарските медиуми, од вкупниот број:

  • 100 автобуси се наменети за Скопје,
  • а останатите 50 ќе бидат распределени во други градови низ државата.

Во објавите се наведува дека ова е најголемата поединечна нарачка што досега ја обезбедил „Икарус“ во сегментот на електрични автобуси.

Screenshot

Со проектот се очекува модернизација на јавниот превоз и постепено воведување на еколошки транспорт во повеќе градови во Македонија, додека полначката инфраструктура ќе биде дел од истиот проект.

Можете да прочитате

„Порше“ изгоре на обиколницата кај Радишани

Мицкоски: Македонците во Албанија се нераскинлив дел од нашето национално ткиво

Почнува јавна расправа по нацрт-текстот на Националната стратегија за развој на културата за 2026 – 2030