Утрински Весник
Свет

Убиени 10 членови од исто семејство: напаѓачите се претставиле како полицајци, упаднале во дом и извршиле масакр во Јужна Африка

Убиени 10 членови од исто семејство: напаѓачите се претставиле како полицајци, упаднале во дом и извршиле масакр во Јужна Африка

Десет членови на исто семејство се убиени во напад на нивниот дом во Јужна Африка. Напаѓачите се претставиле како полицајци, упаднале во домот и извршиле масакр.

dobivaj vesti na viber

Седум жени и тројца мажи беа убиени кога нивниот дом во близина на градот Питермарицбург беше нападнат од заседа денес рано наутро.

Полицискиот министер Беки Целе изјави дека двајца осомничени се уапсени, едниот е застрелан, а другиот се уште е во бегство. Мотивот е нејасен.

Полицијата прво била известена за пукањето откако соседите слушнале истрели. Една од жртвите имала само 13 години.

Јужна Африка има една од највисоките стапки на убиства во светот.

Можете да прочитате

Песков најавува преговори за Украина во Абу Даби во почетокот на ноември

Товарен брод потона во Црното Море кај Констанца по сомнителен напад со дрон; еден морнар е загинат

Најмалку 16 лица загинаа, 54 се повредени во земјотрес на Тибет со јачина од 7 степени