Утрински Весник
Свет

Tанкер во ОАЕ погоден со две ракети, повреден член на екипажот

Tankeri.jpg

Агенцијата за поморски трговски операции на Обединетото Кралство (UKMTO) денеска соопшти дека добила извештај за инцидент североисточно од Хор Факан во територијалните води на Обединетите Арапски Емирати, каде танкер што пловел кон југ пријавил дека е погоден од две ракети.

Еден член на екипажот е полесно повреден, а штета е предизвикана и на бродот, кој продолжува со својата рута, се вели во соопштението на Агенцијата, која наведува дека танкерот со течен природен гас бил нападнат од луѓе во мал чамец во близина на јеменскиот град Ал Мукала.


Исто така, беше објавено дека во чамецот имало најмалку седум мажи, објави Ал Џезира.

„Од чамецот се истрелани два проектили во правец на танкерот, по што вооружениот безбедносен тим на танкерот испукал два предупредувачки истрели кон малиот чамец, принудувајќи го екипажот на чамецот да го промени курсот“, се вели во соопштението на Агенцијата, и се додава дека овие инциденти укажуваат на зголемени тензии и безбедносни ризици на клучните поморски патишта на Блискиот Исток.

Можете да прочитате

(Видео) Еве како денес изгледа Париз поле по вчерашните протести

Макрон по насилните протести: Тие кои напаѓаа и ограбуваа ќе бидат кривично гонети и казнети

Украински дронови погодија нафтен терминал во Санкт Петербург