Утрински Весник
Македонија

Малолетник нападнал друг малолетник со тврд предмет во Ѓорче Петров

Tepacka.webp.webp

Малолетно момче било нападнато со тврд предмет од друг малолетник на подрачјето на скопската општина Ѓорче Петров, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Според полициските информации, случајот бил пријавен вчера, околу 17 часот, во Секторот за внатрешни работи Скопје.


Пријавата ја поднела И.А., која навела дека нејзиниот малолетен син бил нападнат со тврд предмет од друг малолетник.

Засега не се соопштуваат дополнителни детали за околностите под кои се случил нападот, ниту дали нападнатото момче се здобило со повреди.

Од Министерството за внатрешни работи информираат дека се преземаат мерки за расчистување на случајот и утврдување на сите околности поврзани со инцидентот.

Можете да прочитате

Реализирани превентивни кампањи „Светски ден за сеќавање на жртвите од сообраќајни незгоди” и „Користи зимска опрема“

Сашко Кедев во Гинис: На 63 години го заокружи искачувањето на сите 14 врвови над 8.000 местри

Уапсени 11 возачи, петмина возеле без положен возачки испит, а тројца под дејство на алкохол