Утрински Весник
Македонија

Уапсени 18 возачи за безобѕирно управување возило, 16 возеле без дозвола, двајца со активна забрана

Struga soobrakaec.jpg

Во текот на изминатото деноноќие на целата територија на државата, полициските службеници лишија од слобода 18 возачи за безобѕирно управување возило, од кои 16 возеле без дозвола, а двајца со активна забрана.

 Осум возачи во Скопје (од кои двајца малолетници), тројца во Гевгелија, двајца во Кичево и по еден во Тетово, Радовиш и Дебар управувале возило без возачка дозвола. Кај еден од возачите во Скопје била пронајдена и марихуана, додека кај возачот во Тетово биле измерени и 1,46 промили алкохол во крвта. По еден возач во Скопје и Кичево управувале возило со активна забрана. По целосно документирање на случаите ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави.


 Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи, да не управуваат возило без положен возачки испит или доколку имаат изречена мерка за забрана за управување или доколку се под дејство на алкохол и сите заеднички да придонесеме за побезбеден сообраќај.

Можете да прочитате

Мециновиќ: СДСМ здружено со ВМРО-ДПМНЕ саботираат една изборна единица

Жена пешак удрена од автомобил во центарот на Скопје

Собранието го донесе Предлог-законот за Советот на јавните обвинители