Утрински Весник
Македонија

Јовица Андовски поднесе оставка од функцијата заменик-министер за здравство

453004910 26107843332193761 6882199421192587634 n.jpg

Заменик-министерот за здравство Јовица Андовски поднесе оставка од функцијата, наведувајќи лични причини за својата одлука.

Оставката, адресирана до претседателот на Владата Христијан Мицкоски и до Владата, била доставена на 9 октомври 2026 година, а денеска е депонирана во Собранието.


Во писмото Андовски наведува дека се повлекува од функцијата од лични причини, без дополнително да ги образложи околностите што довеле до ваквата одлука.

„Со ова писмо поднесувам оставка од функцијата заменик-министер за здравство во Владата на Република Северна Македонија, од лични причини“, се наведува во документот.

Андовски во оставката изразува благодарност до премиерот и до членовите на Владата за довербата, поддршката и досегашната соработка.

„Ви изразувам искрена благодарност за укажаната доверба, досегашната поддршка и соработката во текот на извршувањето на мојата функција. За мене беше чест и одговорност да бидам дел од Владата и да придонесувам кон унапредувањето на здравствениот систем“, пишува Андовски.

Тој во писмото им посакува успех на премиерот и на останатите членови на Владата во понатамошната работа и во реализацијата на заложбите за подобрување на здравствената заштита.

„На претседателот на Владата и на сите членови на Владата им посакувам успех во понатамошната работа и во остварувањето на заложбите за подобро здравство и поквалитетен живот на граѓаните“, наведува Андовски.

На крајот од писмото, тој бара оставката да биде прифатена и да бидат преземени потребните чекори за нејзино формализирање.

Во доставениот документ не се наведуваат други причини за повлекувањето, ниту дали одлуката е поврзана со одредени случувања во здравствениот сектор.

Со депонирањето на оставката во Собранието се отвора постапката за нејзино формално констатирање, а останува да се види кој ќе биде предложен за нов заменик-министер за здравство.

Можете да прочитате

Левица: Груби излегува од куќен притвор – дилот меѓу ДПМНЕ и ДУИ за „Бехтел и Енка” си тече! 

Уште едно возило опожарено синоќа во Скопје

Бугарскиот амбасадор повикан во МНР поради пречекот на Ива Михајлова