Утрински Весник
Македонија

Уапсен Алил Демири, осомничен за убиствата кај Смиљковско езеро

Уапсен Алил Демири, осомничен за убиствата кај Смиљковско езеро

Денеска полицијата на Република Косово, во соработка со македонската полиција, во Косово го лиши од слобода 38-годишниот Алил Демири, извести МВР.

dobivaj vesti na viber

– Врз основа на издадена меѓународна потерница од МВР на РСМ, баран врз основа на наредба на Oсновниот суд Скопје 1, за сторено кривично дело “Тероризам” предвидено по член 394 од Кривичен закон, во врска со петкратното грозоморно убиство кај Смиљковското езеро. Тој, според информациите добиени од косовската полиција, ќе биде изведен пред надлежен судија, соопшти МВР.

По масакрот на 12 април 2012 година, во Косово побегнаа Алил Демири и Африм Исмаиловиќ.

Можете да прочитате

Томовски: Ќе градиме нов саем со хали, хотел и спортски терени

Возачот возел дрогиран и усмртил моторџија кај Пластичарска – ОЈО бара притвор

Министерство за култура: Филмот за Слаткар е поддржан поради неговата силна општествена и инклузивна димензија