Утрински Весник
Спорт

ФИФА со дисциплинска постапка за однесувањето на Рубијалес по бакнежот со Ермосо

ФИФА со дисциплинска постапка за однесувањето на Рубијалес по бакнежот со Ермосо

Светската фудбалска федерација (ФИФА) отвори дисциплинска постапка за однесувањето на шефот на Шпанската кралска фудбалска федерација (РФЕФ) за неговото однесување по финалето на Светското првенство за жени во Австралија.

dobivaj vesti na viber

ФИФА ќе одлучи дали Рубијалес ги прекршил „основните правила на пристојно однесување“ и дали се однесувал „на начин кој носи штета на фудбалот и на ФИФА“, откако ја бакна фудбалерката Џени Ермосо во уста при церемонијата на доделување на медали по 1:0 триумфот над Англија во финалето во Сиднеј. Претходно, Рубијалес исто така се фати за мадиња при прославата на победата и тоа додека седеше покрај кралицата Летиција и во близина на 16-годишната шпанска принцеза, Софија.

Рубијалес се извини за своето однесување, но Ермосо изјави дека не и се допаѓал повикот, а синдикатот на игрчи побара казна за претседателот.

46-годишниот Рубијалес е потпретседател на УЕФА.

Можете да прочитате

ПСЖ повторно е крал на Европа! Арсенал падна по пенал-драма во Будимпешта

Европа чека нов или стар шампион – ПСЖ и Арсенал за трофејот од Лигата на шампионите 

Седлоски: Да постигневме гол од двете шанси, мечот ќе отидеше во друга насока