Утрински Весник
Свет

Турската патриотска партија иницира излегување на Турција од НАТО

Турската патриотска партија иницира излегување на Турција од НАТО

Турција би можела да се повлече од НАТО за пет или шест месеци поради провокативни акции против Анкара, изјави заменик-претседателот на Турската патриотска партија, Етем Санџак.

dobivaj vesti na viber

Весникот „Ајдинлик“ го цитира Санџак дека актуелните настани ја наведуваат Турција на таков чекор.

Тој се осврна на неодамнешните анкети кои покажаа дека најмалку 80 отсто од турското население верува дека САД водат најразорна и најнепријателска политика кон таа република, пренесе ТАСС.

„ Турскиот народ неодамна покажува симпатии кон Русија и (рускиот претседател Владимир) Путин“, додаде Санџак, бизнисмен кој важи за близок соработник на турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган.

Турската патриотска партија во четврток, 19 јануари, објави дека започнува кампања со која ги повикува властите во Анкара да го напуштат НАТО. Истата партија, која важи за „антиамериканска“, во неколку наврати ја повика Анкара да ги затвори американските воени бази на турска територија, да го откаже договорот за набавка на американски авиони Ф-16 и да се повлече од Алијансата.

Можете да прочитате

САД испратија писмено предупредување на Русија за нападот во Москва: Бесмислица е тврдењето за вмешаност на Украина

МСП му наложи на Израел да отвори копнени премини за хуманитарна помош за Појасот Газа

Руски воени бродови впловија во Црвено Море