Утрински Весник
Скопје

Герасимовски: Целосно реконструирано детското игралиште зад Универзална сала, поставени тобогани, реквизити и урбана опрема

3 5.jpeg

Детското игралиште зад Универзалната сала во  Центар е целосно реконструирано. Најмалите центарци добија современо, безбедно и уредено место за игра, рекреација и дружење.

На игралиштето се поставени две нови кули, четири тобогани, мост, две коњчиња, абакус-табла и клацкалка. Поставени се нова заштитна подлога и ограда, а обновена е и урбаната опрема. Поправени се двете клупи , поставени корпи за отпадоци, додека двојната лулашка е целосно реновирана.

„Центар доби уште едно убаво и безбедно место за игра и дружење на најмладите. Со обновувањето на детските игралишта вложуваме во посреќно детство и подобри услови за нашите деца. Продолжуваме со реконструкција на игралиштата низ Центар, за секое дете да има свое уредено и безбедно катче за игра, а родителите да бидат спокојни”, порача градоначалникот Герасимовски.

Тој апелираше до граѓаните совесно да ги користат и да ги чуваат поставените реквизити и урбаната опрема.

„Само со заедничка грижа можеме да ги зачуваме игралиштата уредни, функционални и безбедни за сите”, рече Герасимовски.


Можете да прочитате

Чаир домаќин на Сенародната универзијада 2026: Спортот, академската заедница и соработката ги обединуваат младите

Видео од Ѓорче Петров: Истураат градежен шут кај Новоселски пат

Ѓорѓиевски: Го враќаме духот на Старата скопска чаршија