Утрински Весник
Македонија

Спречен шверц на 470 парчиња козметички производи и додатоци во исхрана

Image 2026 11 21 110241114.png

Царински службеници од царинарница Битола спречија два обиди за шверц на вкупно 470 парчиња козметички производи, средства за лична хигиена и додатоци во исхрана во државава. Случаите се откриени при детални контроли на патнички возила на влез во државата, на граничните премини Ќафасан и Меџитлија. Во едниот случај се откриени 352 парчиња козметички производи и средства за лична хигиена, додека во вториот поголем број козметички производи и додатоци во исхрана од трговската марка „Nicer“.

➡Непријавената стока, чија вкупна вредност изнесува околу 149 илјади денари е запленета, а против сторителите се преземени соодветни постапки.


Можете да прочитате

Прилепчанец лишен од слобода, затекнат како врши безправна сеча

ЛДП Валандово: ПР-спектакл на владата за цели 1.560 метри асфалт и задоцнета грижа за Исар Марвинци

Бесплатни уролошки прегледи по повод Месецот на машкото здравје