Утрински Весник
Македонија

Тренчевска: Разрешување на директори со еднострана одлука во време на избори е незаконски акт

Logo.png

Дополнителната заменичка министерка за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска по забележување на неправилности во работата на техничкиот министер за труд и социјална политика поднесе предлог до Владата на Република Северна Македонија за огласување за ништовно Решение за разрешување од должност на директорот на Јавната установа Центар за социјална работа – Радовиш, од 04.04.2024 година.

Предлогот е даден по извршен инспекциски надзор од страна на Државниот инспекторат за труд врз решението за разрешување по што се утврдени повеќе неправилности. Воедно забележана е и незаконската постапка од страна на техничкиот министер во делот на разрешување на директор во време на распишани избори, со еднострана одлука! Ваквата постапка е спротивна на Законот за Владата на Република Северна Македонија.

Во Законот е предвидено дополнителниот заменик на министерот, заедно и рамноправно со министерот да ги разгледува и потпишува сите акти и документи, а ако тоа не е сторено, ваквите акти и документи не произведуваат правно дејство.

На 14та седница на Владата на Република Северна Македонија е донесена одлука да се огласи за ништовно разрешувањето директорот на Јавната установа Центар за социјална работа – Радовиш од страна на министерот за труд и социјална политика.

Можете да прочитате

Левица: Македонците плаќаат повеќе од двојно повисок мрежен трошок за струјата отколку во 2020 година

12 уапсени возачи во последното деноноќие

Малолетник пиел алкохол во локал во Кичево, па завршил во болница