Утрински Весник
Македонија

Телефонски разговор Радев – Сиљановска Давкова

20250301101722 Big 730x400 24.webp.webp

Претседателот на Бугарија, Румен Радев и претседателката на Северна Македонија, Гордана Сиљановска-Давкова вчера имале телефонски разговор.

Како што информира Кабинетот на Радев, двајцата соговорници разговарале за важноста од контруктивен дијалог на највисоко ниво меѓу двете земји.


 – Овој дијалог е од особена важност и за изградба на цврста основа за развој на билатералните односи и за решавање на регионалните и глобалните предизвици поврзани со обезбедувањето на безбедноста, борбата против тероризмот и справувањето со нелегалната миграција, се наведува во информацијата од Кабинетот на бугарскиот претседател Радев.

Можете да прочитате

Украле роба, па побегнале со „голф“ – експресно уапсени тројца скопјани

Успешна спасувачка акција на Матка: Изгубен романски државјанин безбедно извлечен

СДСМ: Мицкоски се спрема за предвремени избори