Утрински Весник
Македонија

Државна делегација предводена од претседателката Сиљановска-Давкова ќе учествува на Самитот на НАТО во Анкара

Image 2026 07 07 083625493.png

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова ќе ја предводи македонската државна делегација на Самитот на НАТО, којшто денеска и утре ќе се одржи во Анкара, Република Турција.

Во состав на делегацијата се министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, министерот за одбрана, Владо Мисајловски и началникот на Генералштабот на Армијата, генерал-мајор Сашко Лафчиски.


Претседателката ќе се обрати на состанокот на Северноатлантскиот совет.

Во фокусот на агендата на самитот е јакнењето на колективната безбедност на Алијансата преку поголеми инвестиции во одбраната, развојот на одбранбената индустрија и унапредувањето на одбранбените способности, како и продолжувањето на поддршката за Украина.

На маргините на Самитот предвидено е претседателката Сиљановска-Давкова да оствари средби со шефови на делегации на дел од земјите-членки на НАТО.

Можете да прочитате

Мицкоски: Продолжуваме со посветена работа на реформите клучни за економскиот развој и подобрување на животниот стандард на граѓаните

Радовишанец им се заканувал на вработени во странска амбасада, упатен на психијатриско набљудување

17 лица лишени од слобода во изминатото деноноќие, возеле без дозвола и под дејство на алкохол