
Шеснаесетгодишен малолетник од скопско Сарај е лишен од слобода откако, според информациите на полицијата, со остар предмет тешко повредил 14-годишен малолетник по претходна расправија.
Од СВР Скопје информираат дека на 11 јули 2026 година било пријавено дека околу 15:00 часот, пред угостителски објект во село Сарај, бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу двајца малолетници.
По кратко време, пред продажен објект, повторно се сретнале 14-годишникот и 16-годишниот малолетник. Во тој момент, постариот малолетник го нападнал со остар предмет, нанесувајќи му тешка телесна повреда. Повредениот возвратил со тврд предмет и му нанел повреда на напаѓачот.
Полициски службеници го лишиле од слобода 16-годишникот на 12 јули околу 01:35 часот. Со него бил извршен службен разговор во полициска станица во присуство на родител и адвокат.
По целосно документирање на случајот, против малолетникот ќе биде поднесена соодветна кривична пријава.


