Утрински Весник
Спорт

Франција прва обезбеди место во полуфиналето на Мундијалот

Img 8908.jpeg

Французите уште во првото полувреме можеа да го решат победникот. Создадоа неколку одлични шанси, а пропуштија и пенал. Килијан Мбапе ја презеде одговорноста од белата точка, но мароканскиот голман Јасин Боно го прочита неговиот удар и го одбрани пеналот, оставајќи ја својата селекција во игра.

Сепак, отпорот на Мароко беше скршен во вториот дел. Во 60. минута Мбапе се реваншираше за промашениот пенал со вистинска мајсторија, испраќајќи неодбранлив удар од околу 20 метри во десниот агол за водство од 1-0.


Само шест минути подоцна Франција зададе нов удар. Осман Дембеле одлично ја заврши акцијата и ја удвои предноста на „триколорите“, практично ставајќи крај на сите дилеми околу победникот.

До крајот на натпреварот Мароко се обиде да се врати во игра, но не успеа да ја затресе мрежата, додека Франција можеше да стигне и до поубедлива победа, откако Матета не реализираше добра можност за 3-0.

Со оваа победа Франција стана првиот полуфиналист на Светското првенство и ќе го чека победникот од следниот четвртфинален дуел.

Можете да прочитате

Останаа уште осум натпревари до светскиот шампион – вечерва стартува четвртфиналето

Ѓоковиќ казнет поради недолично однесување

Ѓоковиќ повторно покажа шампионски карактер, во полуфинале го чека Синер