Утрински Весник
Свет

Песков: Русија ќе преземе контрамерки ако нуклеарно оружје стигне до Балтикот

Peskov6.jpg

Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, денеска изјави дека Русија ќе преземе соодветни контрамерки доколку нуклеарно оружје биде распоредено во балтичките земји.

„Спротивно на очекувањата на земјите што донесуваат такви одлуки, тоа нема да им донесе поголема безбедност“, рече Песков на прес-конференција, коментирајќи ја одлуката на Литванија да покрене постапка што би можела да овозможи распоредување нуклеарно оружје на нејзина територија, објавија руските медиуми.


Тој предупреди дека таков потег, според Москва, би го зголемил ризикот за безбедноста на тие земји.

„Напротив, тоа значително ќе го зголеми нивото на опасност за нив, бидејќи ќе бидат преземени контрамерки против таквите земји за да можеме да ги заштитиме нашите интереси“, рече Песков.

Литванскиот парламент, Сејм, претходно се согласи да разгледа закон со кој ќе се отстрани забраната на земјата за распоредување нуклеарно оружје од Уставот.

Можете да прочитате

Трамп: Да не сме ние, Иран ќе го уништи Израел, а потоа ќе се упати кон Западот

Рубио: САД и Украина преговараат за производство на ракети за системот „Патриот“

Излегоа монетите со ликот на Трамп