Утрински Весник
Македонија

Таравари: Куршумот има заканувачка мафијашка порака !

Taravari 369836 398021.jpg

Откако денеска во раните утрински часови беше пронајден куршум во дворот од неговата куќа, попладневo реагираше претседателот на Алијансата на Албанците и градоначланик на Гостивар, Арбен Таравари преку социјалните мрежи. -Полициски екипи денеска беа кај мене дома, како што видовте во медиумите, бидејќи таму беше пронајден куршум со кој беше испратена јасна заканувачка мафијашка порака. Жал ми е за моето семејство и особено за мајка ми која особено лошо ја доживеа оваа ситуација. Жал ми е за тие политичари кои покажуваат дека нивниот аргумент да замолчи нечиј глас се куршумите, куршуми кои ме потсетуваат на Италија од 1992 година каде мафијата го уби познатиот судија Џовани Фалконе… Но, до тука ми е жал… тука завршува моето жалење и започнува мојата радост затоа што разбирам дека оние што ја држеа оваа земја како заложник се во очај на загуба! Секој што ќе остане без зборови, а му остана само куршумот е во голема неволја… На билокој што го фрлил тој куршум, му велам дека и тешка артилерија да користи, ПРОМЕНАТА ПОЧНА И НЕ МОЖЕ НИШТО ДА ЈА ЗАПРЕ! Можете мене да ме убиете, и тоа би било голема загуба за моето семејство и жал ми е што и моите деца го читаат ова…но вие би убиле само еден човек, а што ќе им направите на илјадниците и стотиците илјади луѓе кои веќе се на нозе? Не можете да замолчите, да убивате, да запрете народ! Ви благодарам на сите вас што ме поддржувате! Срцето планина ми го направивте! Ја почнавте промената. Со или без мене – Промената се случи!“, пишува Таравари. Откако Таравари ги известил членовите од неговиот кабинет, еден од нив случајот го пријавил во гостиварската полиција и потоа на местото на настанот започнала истрагата. Од полицијата потврдија дека е пронајден неиспукан куршум од автоматска пушка.

Можете да прочитате

Макрон и честита на Сиљановска-Давкова на македонски јазик

Касами: Од понеделник почеток на преговорите за формирање влада

Костадиновска-Стојчевска: Од Мајските оперски вечери научивме дека културата прави чуда