Утрински Весник
Македонија

Села ќе бара разрешување на министрите во здравство и администрација Меџити и Алиу?

D182d0b5d182d0bed0b2d0b0d181d0bed182 D0b7d0b0 D0b0d0bbd0b8d198d0b0d0bdd181d0b0 D0bcd0b8d0bdd0b8d181d182d0b5d180d181d182d0b2d0b0d182 63cd8ee229e91.jpeg

Претседателот на Централното собрание на Алијанса за Албанците, Зијадин Села за сабота свика седница каде како што најави, ќе побара одговорност од претседателот на партијата Арбен Таравари, по неговата изјава дека партијата на изборите треба да се приклучи на албанскиот опозициски сојуз.

Но за помалку од 12 часа од изјавата на Таравари во Алијанса за Албанците се случуваа низа прозивки, физички напад, а утрово и закана со кушрум за гостиварскиот градоначалник.

Извори од партијата брифираат дека тука нема да се застане и дека препукувањата ќе траат па дури и ќе се интензивираат до сабота за кога е закажана седницата на Централното претседателство.

Неофицијални информации говорат дека Зијадин Села со групата околу него, ќе направи обид да го детронизира Таравари и партијата да добие ново раководство во очи на изборите.

Но планот не би застанал тука, туку веднаш откако би се случила промена на врвот, партијата би поднела интерпелација за двајца министри, односно за Азир Алиу од МИОА и Фатмир Меџиит од МЗ кои веднаш застанаа зад Таравари.

На тој начин, новото раковдство на Алијанса покрај со Таравари, би расчистила и со неговите сојузници.

Во целата таа ситуација во Алијанса, денеска со повик за смирување на тензиите излезе високиот партиски функциониер и министер за правда Кренар Лога.

„Можеме да имаме недоразбирања и несогласувања, но воопшто не треба да се оддалечиле еден од друг од нашата заедничка куќа. Додека сите заедно се трудиме да го изнајдеме правиот и вистинскиот пат, повикуваме на самоконтрола и смиреност. Ние сме поминале многу настани заедно, како радосни така и тажни. Заради тоа апелираме и да ни се разделат нашите патишта, ова да го направиме како цивилизирани луѓе и семејни луѓе“, напиша Лога во објава на Фејсбук.

Алијанса за Албанците одамна не важи за кохезивна партија а последните случувања и најавите за следните чекори можат дополнително да ја радикализираат целата ситуација не само внатре во партијата, туку и во албанскиот политички кампус.

Можете да прочитате

Европската комисија обезбеди 50 милиони евра за Македонија

Во Собранието ќе има 30 пратеници етнички Албанци, во минатиот состав имаше 32 мандати

Маж нападна жена во Париз и застрела двајца полицајци откако е приведен во полициска станица