Утрински Весник
Свет

Тајланд ќе биде првата земја во Југоисточна Азија која ќе одобри истополови бракови

20220618 Asp001.jpg

Пратениците во Долниот дом на тајландскиот парламент денеска со големо мнозинство го одобрија предлог-законот со кој Тајланд ќе стане првата земја во Југоисточна Азија која ги легализираше истополовите бракови.

Предлог-законот за еднаквост на бракот ги изедначува правата на сопружниците од кој било пол.

400 од 415 присутни членови на Претставничкиот дом гласаа „за“, 10 гласаа против, двајца воздржани и тројца не гласаа.

Законот ги менува и поимите мажи и жени и маж и жена во „поединци“ и „брачни другари“. Тоа би го отворило патот за постигнување финансиски и медицински права за ЛГБТК+ паровите.

Законот сега е упатен до Сенатот, кој ретко ги отфрла веќе усвоените нацрт-закони во Долниот дом, а потоа законот го одобрува кралот.

Можете да прочитате

Макрон им посака добредојде на светските лидери кои присуствуваат на отворањето на ОИ

Канада, Австралија и Нов Зеланд бараат од Израел веднаш да ги прекине операциите во Газа

Meta затвори 63.000 профили на Instagram поврзани со измама и уцена