Утрински Весник
Магазин

Се повеќе ајкули во водите на Шпанија поради пандемијата, но и климатските промени

Ajkula.jpg
Img 5587

Во последниве години во водите на Шпанија се почесто може да се забележат ајкули, а на тоа освен пандемијата на корона вирусот влијаеле и климатските промени, пишува неделникот Еуроњуз.

По должината на шпанскиот брег од Балеарските острови до Канарските Острови и покрај бреговите на Валенсија, Каталонија, Гранада, Галиција и Астурија, појавата на овие морски суштества стануваат сè почести.

Ss1

Причината за тоа е најверојатно во миграциската природа на ајкулите кои поминуваат огромни растојанија за размножување, хранење, но во последно време и поради промените на температурата на водата.

Во Средоземното Море живеат 45 видови ајкули, од кои многу, како што се перегрин, моската ајкула и сината ајкула, не претставуваат закана за луѓето.

Во текот на последната деценија, зголемувањето на ајкулите се припишува на климатските промени, прекумерниот риболов и пандемијата на коронавирус поради намалените човечки активности.

Како што е наведено, најголемиот дел од активноста на ајкулите во Шпанија е концентрирана во Кантабриското и Средоземното Море, но ги има и во постудени, подлабоки води.

На Балеарските Острови, како што се Ибица и Мајорка, појавата на ајкули е вообичаено, но обично вклучуваат помали, безопасни видови, а Канарските острови се познати по нивната разновидност на морски свет, со регистрирани 86 видови ајкули, вклучувајќи ја и ангелската ајкула, чекан-ајкулата, кит-ајкулата.

Ss1

Можете да прочитате

Поврзаност меѓу здравата исхрана и срцевите болести кај жени со рак на дојка

Прогласени градовите добитници на наградите на ЕУ за инклузивност и различност за 2024 година 

Нарачала фустани преку интернет, а во пакетот ѝ стигнала епрувета со крв