Утрински Весник
Спорт

Суспендирани судии во Боливија – продолжиле натпревар за 42 минути

Суспендирани судии во Боливија – продолжиле натпревар за 42 минути

Фудбалскиот сојуз на Боливија суспендираше шест судии, бидејќи продолжиле натпревар во националната лига за цели 42 минути.

dobivaj vesti na viber

Во понеделникот Палмафлор го победи Блуминг со 3:2, во меч кој се одигра во градот Чапаре по силен дожд и траеше 132 минути.

Судијата Хулио Гутиерез го продолжи натпреварот за 42 минути, поради видео прегледот на вториот гол на Палмафлор и тепачката што следеше по двата црвени картони, што им гои додели на играчите на Блуминг.

Судиската комисија на Фудбалскиот сојуз на Боливија, ден по натпреварот ги суспендираше судиите.

Фудбалскиот клуб Блуминг се огласи на Твитер и изјави дека судиите ги изложиле играчите на тимот на висок ризик од повреди поради „долгото надополнување на времето“.

Еден од директорите на Палмафлор е поранешниот претседател на Боливија, Ево Моралес, кој на социјалните мрежи напиша дека неговиот тим победил и покрај „сомнителните судии“.

Моралес беше претседател на Боливија од 2006 до 2019 година.

Палмафлор годинава влезе во првата лига.

Можете да прочитате

Чави и да не се премисли останува во Барселона

Јокиќ со нов рекорд во НБА

Медведев – Синер е првата полуфинална двојка на Мастерсот во Мајами