Утрински Весник
Македонија

„Премиер Албанец не е ништо ново, кампањата на ДУИ нема да ја коментирам, ВМРО-ДПМНЕ и Левица се националисти“, порача Ковачевски

„Премиер Албанец не е ништо ново, кампањата на ДУИ нема да ја коментирам, ВМРО-ДПМНЕ и Левица се националисти“, порача Ковачевски

Премиерот Димитар Ковачевски не сакаше да ја коментира кампањата која ја води ДУИ во јавноста промовирајќи дека Македонија ќе добие премиер Албанец. За него, ова е коалиционен договор и нема ништо спорно. Истовремено, ги искритикува ВМРО-ДПМНЕ и Левица за кои кажа дека прават националистичка психо-драма.

dobivaj vesti na viber

„Во однос на премиер Албанец тоа не е ништо ново. Тоа беше објавено на прес-конференција во 2020 година, по изборите, кога присуствуваа Зоран Заев и Али Ахмети. Тие се достапни снимки на која се формираше Влада во 2020 година, по изборите на кои победи СДСМ и со ДУИ формираше Влада. Така ќе биде и во 2024 година кога СДСМ ќе победи и ќе формира Влада со коалиционите партнери. СДСМ ги почитува коалициските договори. Ова во однос на премиер кој ќе обавува техничка улога ќе се случи кон крајот на следната година, во последните 100 дена, и уверени сме дека на изборите кои ќе се одржат идната година, ние ќе ја добиеме поддршката и повторно премиерот ќе биде од редот на СДСМ по изборите 2024 година“, кажа Ковачевски.

Тој додаде: „Народот не сака националистичка психо-драма која ја прават ВМРО-ДПМНЕ и Левица. Воедно интерните кампањи кои ги прави ДУИ не би ги коментирал бидејќи тие се во процес на своја внатрешна кампања низ која излегуваат креативни слогани и дека е дел од нивната интерна политичка кампања, а не во однос на процесите на функционирањето на Владата во целина“.

„Да! Тој доаѓа“ ова е новата како што многумина коментираат, засега неофицијална кампања започната во ДУИ. Слоганот е споделен од членови и симпатизери на партијата.

Можете да прочитате

Лукаревска во Штип: СДСМ не се откажува, ќе го штитиме достоинството на пензионерите, пензиите ќе растат

Битиќи: Просечната пензија ќе ја зголемиме на 30.000 денари

СДСМ: Пензискиот фонд повторно е стабилен, а пензиите растат – Во новиот мандат даваме збор за просечна пензија од 30.000 денари