Утрински Весник
Македонија

Стоилковски: Кога МВР постапувало за пукањето, имало претрес, одземен е калашниковот, или Сашо Тасевски уште ќе го гради пријателството?

Стоилковски: Кога МВР постапувало за пукањето, имало претрес, одземен е калашниковот, или Сашо Тасевски уште ќе го гради пријателството?

МВР веднаш да почне да ги почитува и спроведува законите наместо да ги брани оние што шуруваат со криминалот. Пукање со калашников е спротивно на закон, уште повеќе во присуство на директор на БЈБ, којшто не реагира и го прикрива делото, рече портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ Наум Стоилковски на денешната прес конференција.

dobivaj vesti na viber

Тој вели дека злоупотребеното МВР во обид да ја сокрие врската на директорот на БЈБ Сашо Тасевски со Самет Мисими, не одговори дали и кога МВР постапувало за пукањето? Дали и кога е извршен претрес на домот на Мисими во врска со пукањето прикажано на видеото? Дали е пронајдено и одземено оружјето? Каде е објавено соопштението за претресот?

Според Стоилковски, станува збор за пукање од воено оружје, автоматска пушка и муниција за неа, коишто се недозволени за граѓаните во Македонија.

 

 

Можете да прочитате

Тетовец ѝ го украл и запалил возилото на својата поранешна девојка

Мицкоски за случајот „Мазут”: ЕСМ вложи жалба, очекувам Вишото јавно обвинителство да ги разгледа фактите и да одлучи

Ужас во близина на Скопје: Најдено тело на жена со прострелна рана во главата