Утрински Весник
Спорт

Статутот на УЕФА сменет, Чаеферин нема да бара нов мандат за да остане лидер на евро-фудбалот

Screenshot 18 2 850x491 1.jpg
Dik 300x250 mk

И покрај разните приказни и најразлични најави, усвоени се измените на Статутот на УЕФА со 49 од 55 гласа „за“. Што се однесува до измените на работните процедури на Конгресот на УЕФА поминаа едногласно. На прес-конференцијата по конгресот Словенецот, Александар Чеферин кој застана на чело на УЕФА во 2016 година кога го наследи Мишел Платини, најави дека нема да се кандидира за да биде реизбран во 2027 година. Со ова паѓаат во вода најавите дека инсистирал на измените на Статутот, токму за да може да се кандидира за нов мандат. -Како што можете да замислите, главно ќе зборувам за промените во Статутот на УЕФА, но и за некои други работи поврзани со него. УЕФА е поделена и во моментов нема поправка. Во однос на измените на Статутот, две работи се важни – правни и фактички. Правно гледано, текстот мораше да се смени, бидејќи тој од 2017 година беше нејасен и подоцна беше административно пречистен, без одобрение на Конгресот, што е незаконско. Законски, можев да ја водам УЕФА до 2031 година, без разлика на промените. Но, јас ќе се повлечам и решивме да направиме промени бидејќи така функционираат сериозните организации, изјави Чеферин. 

Можете да прочитате

ФФМ ја пофали употребата на ВАР на натпреварот Вардар – Силекс

Србија меѓу кандидатите за финалето на УЕФА Лига Европа

Околу 150 турски фудбалски судии суспендирани поради обложување