Утрински Весник
Македонија

Минчев: Затекнав над 30 лица со договори на дело кои не доаѓале на работа – веднаш ги раскинав

Img 4815.jpeg

Министерот за јавна администрација Горан Минчев тврди дека во Министерството со кое раководи денес нема вработени кои земаат плата, а не доаѓаат на работа.

Во гостувањето во емисијата „Ноќно студио“ на 4ТВ, Минчев откри дека при преземањето на функцијата затекнал повеќе од 30 лица ангажирани со договори на дело кои, според него, не се појавувале на работното место.


„Првиот ден им беа раскинати договорите“, изјави Минчев.

Тој посочи дека сега може да гарантира оти во Министерството за јавна администрација сите вработени редовно доаѓаат на работа и примаат плата согласно нивниот работен ангажман.

Зборувајќи за поширокиот проблем со лица во јавниот сектор кои примаат плата, а не се појавуваат на работното место, Минчев нагласи дека контролата на присуството е директна одговорност на раководителите на институциите.

„Секој менаџер, раководител на институција има сопствена одговорност“, рече министерот.

Минчев нагласи дека целта на Владата е ваквите појави целосно да бидат надминати и секој што прима плата од институциите да ги исполнува своите работни обврски.

Сепак, министерот посочи дека во моментов не располага со конкретна бројка за тоа колку лица во целиот јавен сектор евентуално примаат плата, а не доаѓаат на работа.

Можете да прочитате

Минчев: Имаме капацитет и политичка волја за департизација на администрацијата

Расправија за имотен спор заврши со напад со остар предмет и повредени тројца соседи

Герасимовски: Да се сплотиме, да се исправиме и да покажеме дека СДСМ има сила да оди напред