Утрински Весник
Македонија

Oд мај до август констатирани 10.411 прекршоци, 604 моторџии возеле без возачка, одземени 423 мотоцикли и тротинети

Zajaknati soobrakjajni kontroli od maj do avgust konstatirani 10411 prekrsoci otkrieni 619 krivicni dela i odzemeni 423 motocikli i elektricni trotineti image.jpg

Секторот за сообраќајни работи при Министерството за внатрешни работи во периодот од мај до август 2026 година спроведе зајакнати акциски контроли на целата територија на државата, насочени кон прекршоците сторени од возачи на електрични тротинети, велосипеди, велосипеди со помошен мотор, мопеди, мотоцикли, трицикли и четирицикли.

Во рамки на контролите, полициските службеници констатираа вкупно 10.411 прекршоци, од кои 1.571 се однесуваат на електрични тротинети, 34 на велосипеди, а 8.806 на мопеди, мотоцикли и трицикли.


Најголем број прекршоци, вкупно 7.303, се однесуваат на некористење заштитен шлем – кацига. Констатирани се и 718 прекршоци за управување по несоодветна површина, 401 за управување нерегистрирани возила и/или возила без полиса за осигурување и 322 за некористење рефлектирачки елек.

Дополнително, евидентирани се 81 прекршок за управување од лице помладо од 18 години, 45 за управување под дејство на алкохол и 1.541 прекршок од друг вид.

Покрај прекршоците, во текот на акциските контроли откриени се и 619 кривични дела. Од нив, 604 се однесуваат на управување без возачка дозвола, 14 на управување под дејство на алкохол и едно на управување во забранет правец.
Во рамки на преземените мерки, одземени се вкупно 423 превозни средства, од кои 20 електрични тротинети и 403 мопеди, мотоцикли и трицикли.

Министерството за внатрешни работи продолжува со зајакнатите сообраќајни контроли, со посебен акцент на прекршоците и однесувањата што ја загрозуваат безбедноста на учесниците во сообраќајот. Целта е навремено откривање и санкционирање на прекршувањата на прописите, спречување на сообраќајните незгоди и заштита на човечките животи.

Апелираме до сите возачи ги почитуваат сообраќајните правила, да користат пропишана заштитна опрема, да не управуваат под дејство на алкохол и да не управуваат возила без исполнување на законските услови. Особено повикуваме на внимателност и одговорност кон пешаците и останатите учесници во сообраќајот.

Побезбедни патишта, посигурни животи. Безбедноста во сообраќајот не е случајност – таа е одлука.

Можете да прочитате

Европска ноќ на истражувачите: Македонското еколошко друштво – дел од европската прослава на науката

Божиновска ги отфрли обвинувањата на СДСМ за „Руднап“ и набавката на броила: Побара докази или извинување

ДОМ: До кога граѓаните ќе ги плаќаат сметките на „зелените” профитери додека привилегираните собираат милиони?