Утрински Весник
Македонија

Ана Павловска Данева избрана за уставна судијка

20240208142457 big 730x400 8.webp.webp

Универзитетската професорка и поранешна пратеничка, Ана Павловска-Данева стана нова уставна судијка. Таа на денешната собраниска седница беше избрана со 65 гласови „за“ и 26 „против“. По гласањето, ја кажа и потпиша свечената изјава дека функцијата ќе ја извршува одговорно и со почитување на законите и Уставот.

Претседателот на Собранието, Јован Митрески кажа дека на Павловска-Данева ѝ престануваат сите останати јавни функции и професии кои ги обавувала и членувањето во политичките партии.

Опозициските пратеници во расправата кажаа дека сè додека СДСМ и ДУИ се на власт, судството ќе биде неефикасно во борба со корупцијата, ќе биде партизирано и под политички притисоци и не веруваат дека Павловска-Данева ќе придонесе да се подобри довербата во судството која сега е 0 проценти.

Владеачката СДСМ претходно ја повлече кандидатурата на поранешниот државен јавен обвинител Љубомир Јовески за уставен судија. Тој побара објаснување, бидејќи како што рече, нанесена му е штета.

Можете да прочитате

Вечерва тешко повреден мотоциклист во сообраќајка на Пластичарска во Скопје

Сепак имало проблем во МНАВ со фрекфенциите?! Проблемот сами го пријавиле во системот

Македонец осуден за подготовка на џихадистички напад во Виена