Утрински Весник
Македонија

Разрешувањето на министрите Меџити и Алиу утре на дневен ред во Собрание

1707403021 Unnamed File.jpg

Раководството на партијата Алијанса за Албанците побара од премиерот Талат Џафери разрешување на министрите за здравство Фатмир Меџити и за информатичко општество и администрација Азир Алиу, а Џафери денеска предлогот го достави до Собранието.

Оттаму, потврдија дека материјалите се примени и дека ќе го достават до сите пратеници а за предлогот за разрешување на министерот за здравство и на министерот за информатичко општество и администрација ќе се расправа на првата наредна седница на Собранието, односно утре, петок 9.02.2024

Во меѓувреме, за денес претседателот на Алијанса Арбен Таравари кој е во судир со Зијадин Села закажа состанок со пратеници и со претставници на централното собрание, кое во сабота ќе одржи седница на која ќе се бара одговорност од Таравари.

Можете да прочитате

Од 16 пожари на отворено во последното деноноќие изгаснати се 13, два се активни и еден е под контрола

Повторно пожар на депонијата „Мауцкер“ кај Охрид

Штетите од пожарите милионски, последиците врз здравјето, природата и иднината непроценливи