Утрински Весник
Магазин

Специјалната обвинителка за фаталното пукање на Болдвин се повлече од случајот

Специјалната обвинителка за фаталното пукање на Болдвин се повлече од случајот

Специјалната обвинителка што го води случајот против актерот и продуцент Алек Болдвин – обвинет за убиство од небрежност на филмски сет – соопшти во вторникот дека се повлекува, како што побараа адвокатите на Болдвин.

dobivaj vesti na viber

Пукањето со фатални последици се случи во 2021 година среде снимање на вестернот Rust кога беше убиена снимателката Халина Хачинс.

Одлуката на специјалната обвинителка Андреа Риб доаѓа еден месец откога адвокатот на Болдвин поднесе барање за нејзино отстранување бидејќи таа е и пратеник во законодавниот дом. Тимот на Болдвин укажа на фактот дека се прекршува државниот устав доколку законодавец служи во друга гранка на власта.

Обвинителството во Ново Мексико, САД, минатиот месец се откажа од барањето казна за обвинението за недозволено ракување со огнено оружје.

Окружното обвинителство во Санта Фе одлучи да поведе обвинителен акт само за убиство од небрежност за кое Болдвин може да добие казна затвор до 18 месеци и глоба од 5.000 долари според законот во Ново Мексико доколку биде прогласен за виновен.

Одлуката за отфрлање на обвинението за кривично дело е донесена со цел да се избегне подолг правен спор со адвокатскиот тим на Болдвин. „Приоритет на Обвинителството е да ја задоволи правдата, а не да им дава можност за хонорари на скапите адвокати од големите градови врз основа на наплатливите часови ангажман“, соопштија од Обвинителството минатиот месец.

Можете да прочитате

Позната српска водителка пронајдена мртва во стан во Белград

Овие три навидум здрави намирници предизвикуваат дебелеење

Напиток од лимон и маслиново масло за здрав црн дроб